ТППЕ Делчево доби ново протовпожарно возило

  • News

По повеќе од 4 децении, ТППЕ Делчево доби ново противпожарно возило со комплетна опрема за гаснење пожари. Противпожарното возило е од марката ФОРД со ЕУРО 6 стандард, јачина на мотор 243 киловати, односно 8974 ццм, додека капацитетот на резервоарот за вода е 6000 литри.

Возилото е набавено во рамките на грант средства за успешно реализиран подзаем, а финансиските средства се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка,  through  Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Вредноста на противпожарното возило е 7.364.657.3 ден. со вклучен ДДВ.

Набавката на возилото беше приоритетен проект од спроведената „Урбана ревизија“ и анкета на граѓаните од најсиромашните делови од Општина Делчево кои изминатиот период се соочуваа со голем број пожари, пред сè, шумски пожари кои, за жал, покрај деградација на животната средина, зафатитија и голем број шуми кои беа основен извор за егзистенција на голем број семејства во општината.

Со набавката на ова ново возило и со едукацијата која е предвидена за пожарникарите, ќе се подигне  капацитетот и мобилноста на ТППЕ Делчево со што директно ќе се влијае на ефикасноста и ефективноста на работењето на делчевските пожарникари и намалување на штетите од пожарите.
Shares