ОИК Делчево ги доделени уверенијата за градоначалник и за советници на Советот на Општина Делчево

  • News

ОИК Делчево денеска го додели уверението за избран градоначалник на Горан Трајковски и уверенијата за избрани 15 советници во Советот на Општина Делчево со што започнува новиот мандат на 7-та по ред локална власт во Делчево.

Врачувајќи им ги уверенијата, претседателот на Општинската изборна комисија – Делчево, Борче Ивановски истакна дека на Локалните избори 2021 од вкупно запишаните 14. 757 гласачи гласале 8.604 или 58,3% од запишаните избирачи со право на глас. За кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата гласале 51,01% или 4.389 гласачи со што Трајковски по втор пат ја добива довербата од граѓаните на Делчево да ја води Општината.

 Иванов на новиот состав на локалната власт во Делчево им посака успешна и конструктивна работа.

Од осамостојувањето на државата, градоначалникот Горан Трајковски е прв градоначалник на Делчево кој во континуитет по втор пат добива мандат од граѓаните. Тој изрази благодарност до ОИК Делчево за успешно реализиран процес на Локалните избори 2021, а посебна благодарност изрази до граѓаните на Делчево кои повторно му ја дадоа довербата да ја води Општина Делчево.

-Продолжуваме со работа и со реализација на најавените проекти. Довербата од гласачите потврдува дека сме на вистинскиот пат во нашите напори да донесеме подобар квалитет на животот на нашите сограѓани. Воедно, им честитам и на новите советници и очекувам коректна и конструктивна соработка со Советот, порача Трајковски.

И во наредниот мандат, мнозинството во делчевскиот совет е во рацете на СДСМ и Коалицијата, односно 8 советници се избрани од листата советници на СДСМ и Коалицијата, 6 советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, додека 1 советник е од Партијата Левица. Од нив 6 советнички се жени.

Конститутивната седница на Советот на Општина Delchevo ќе се одржи на почетокот на ноември.

Shares