Инвестиции во ОЈУДГ „Весели Цветови“

  • News

Во детската градинка „Весели Цветови“ набавена е опрема, играчки и дидактички материјали во вредност од над 300.000 денари. Целта на оваа набавка е да се задоволат потребите за организација на воспитно-образовниот процес, но и да се подобрат условите за престој во градинката. Како што истакна директорката Билјана Симовска, набавката е во согласност со Годишната програма за работа и годишниот план за јавни набавки, како и реалните потреби во секојдневната работа.

-Конкретно, набавени се играчки и дидактички материјали во вредност од 99.951,00 денари, креветчиња со душеци во вредност од 149.978.00 денари, како и чешми за купатилата на децата и целосна нивна приклучна инсталација во вредност од 53.000.00 денари. Годишно реализираме вакви набавки и континуирано работиме на правилниот раст и развој на дечињата, соглоасно со Програмата за ран детски развој, рече Симовска.

До крајот на годината во оваа установа се планирани и други набавки на метријали и опрема кои ќе придонесат за подобрување на условите за престој и работа во градинката.

Shares