Се санира оштетениот мост во село Тработивиште

  • News

Започна санацијата на оштетената пристапна рампа на мостот во село Тработивиште кој настрада од надојдените води на река Желевица. Градежните работи за санација ги изведува  фирмата СД Транс и се очекува за неколку дена мостот да биде ставен во функција.

Инаку, оштетувањето на мостот во с. Тработивиште беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешниот зголемен водостој на реките, поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија нашата Општина.

Како последица на обилните врнежи се излеа и реката Брегалница од мини во мајор коритото во урбаниот дел од градот, но не предизвика посериозни проблеми. Критичните точки во градот беа обезбедени со доволен број вреќи со песок, а на располагање за интервенција беше ставена и соодветна механизација. Вон урбаниот дел, на одредени места имаше излевање на река Брегалница по должината на реката од с.Тработивиште до Делчево, како и на излезот од Делчево кај м.в. Брежје и Долни Бавчи, но не предизвика поголеми штети.

Активностите на Општина Делчево се координирани со ЈКП „Брегалница“, РЦУК-Делчево, ДЗС-Делчево и месното население.

Shares