Донација на противпожарно возило со опрема од словенечки Чрномељ за делчевската ТППЕ

  • News

Противпожарно возило и опрема за делчевските пожарникари донира Доброволнаand противпожарна бригада Стари трг об Колпи, со седиште во Општина Чрномељ, Република Словенија. Донацијата лично ја прими градоначалникпот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој заедно со претставници од ТППЕ Делчево се наоѓаат во работна посета на Општина Черномељ и протиовпожарната бригада од општината.

Во рамките на посетата, градоначалникот Трајковски оствари средба со градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавсек. На средбата се разговараше за идната соработка меѓу Делчево и Чрномељ за искористување на фондовите од ЕУ, како и соработката на културно поле. Воедно, договорени се и обуки на делчевските пожарникари кои ќе придонесат за стручна надградба на капацитетите на пожарникарите.

Донираното противпожарно возило возило Magirus – Deutz е користено, со фул опрема и во одлична состојба и значително ќе придонесе за подобрување на опременоста на пожарникарите и за ефективноста и ефикасноста на делчевските пожарникари.

 

Shares