Конкурс за најдобра фотографија на тема „Вода за живот“

Во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада, a со цел оeбележување на Светскиот ден на водата, 22 Март 2022, објавувен е Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема Вода за живот“.

За таа цел, се повикуваат заинтересираните аматери и лица од сите возрасни групи на кои фотографирањето им е хоби, да земат учество на Конкурсот.

Целта на Конкурсот е да се подигне свеста на населението за прашањата поврзани во водата, да се промовира Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, како и да се мотивираат граѓаните за совесно однесување со водаand и природните ресурси.

Критериуми за учество:

  • Дигитална фотографија (JPEG), со резолуција од најмалку 6 megapixels, во оригинална форма (необработена) и без фотомонтажа.
  • Фотографиите треба да се направени во Брегалничкиот регион и да соодветствуваат на темата Вода за живот“, односно да се долови сè што претставува природна убавина на извори, реки, езера, користење на водаand и заштита на водните ресурси, или ја прикажува неопходноста од вода.
  • Еден учесник може да учествува со најмногу 3 сопствени фотографии.
  • Фотографиите да се испратат во дигитална форма која не надминува 5 MB, со податоци за авторот, локацијата каде е направена и име на фотографијата; на e-mail: lpo.delcevo@gmail.comнајдоцна до 15 март 2022 (cторник) до 15:00 часот со назнака „ЗА КОНКУРС“.
  • Фотографиите кои учествуваат на Конкурсот треба да не are претходно јавно објавени. Со испраќањето и учеството на Конкурсот, авторот ги отстапува авторските права на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, со што проектот стекнува право да ги објавува и печати за свои потреби.

За најдобрите 3 фотографии следуваат награди кои ќе бидат доделени на 22 Март 2022г во Делчево.

Shares