Соопштение за тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево

  • News

Општина Делчево ги информира граѓаните дека по повод 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, ТППЕ Делчево на ден 20 мај 2022 г (петок) со почеток во 9.00 ч на крстосницата меѓу ул „М.М.Брицо“ и ул „Светозар Марковиќ“ (пред мостот вo центарот на Делчево) ќе одржи тактичко-показна вежба- симулација на автомобилска несреќа и извлекување повредено лице од автомобил, како и гасење запалено возило.

Воедно, по повод Денот на македoнските пожарникари, ќе биде организирана и презентација на опрема и возила на делчевските пожарникари, а градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, ќе ја додели традиционалната награда за најдобар пожарникар во ТППЕ Делчево, како и плакета за општествено одговорна фирма од Делчево за континуирана поддршка на ТППЕ Делчево и Општина Делчево.

Shares