Промоција на книгата „Мојот живот минато мило“ од Ванчо Тркалевски

  • News

Мемоарите од животот на стогодишникот Јован Гаврил Величковски, жив сведок на турбулентната македонска историја и учесник во НОБ , денеска беа промовирани во Делчево. Спакувани во делото „Мојот живот минато мило“ од авторот, неговиот внук Ванчо Тркалевски, сеќавањата на Јован Величковски, еден од живите борци од НОБ, нè запознаваат со личности, прилики, состојби, со историски факти малку познати или недоистражени во периодот од 20 век кои го обременувале обичниот човек во регионот на Малеш и Пијанец, па сè до создавањето суверена и независна македонска држава.

За директорката на ЈЛБ „Илинден“ Билјана Петровска, организатор на настанот, станува збор за дело од наш роднокраен автор кое ќе сведочи за борбата, пожртвуваноста и желбата на луѓето од нашиот крај да ја видат Македонија слободна.

– Навистина е многу вредно и за нас како библиотека и за нашите читатели и за сите нас, кога имаме на едно место во едно дело собрано многу податоци, факти и  сведошвта за некое минато време што ќе останат да сведочат за борбата на нашиот народ за слободата на нашата земја. Или како што вели самиот автор во книгата, историјата на неговиот дедо, неговиот живот нека ни биде пример и нека сведочи за тоа кои сме, што сме и каков јазик зборуваме ние во Македонија, рече Петровска.

На промоцијата присуствуваше и главниот лик кој нè  води низ настаните, дедо Јован who и покрај своите 100 години кој ги наполни на 2 јануари годинава, не ги криеше солзите кога се говореше за неговиот живот и дело, но и испрати порака: младите генерации треба да бидат сплотени и обединети ако сакаат да одат напред.

„Младите генерации да бидат сплотени и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако ние не бевме сплотени во наше време, немаше да ја имаме ни победата ни државата“ – порача борецот Јован.

Поттик да ја напишам монографијата е животот и делото на мојот дедо се неговите кажувања кои ги запишав и еве дочекав да бидат објавени. Ова е одговор на сите што нè негираат како Македонци, бидејќи во книгата има документи и факти дека сето тоа не е вистина. Ние сме Македонци, имаме свој идентитет и зборуваме свој посебен јазик, рече авторот Тркалевски.

Промоцијата на делото „Мојот живот минато мило“ во Делчево е во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево.

0Shares
0