Асфалт на улица „Грозданец“ во Стар Расадник

  • News

Заврши изградбата на дел од ул „Грозданец“ во населбата Стар Расадник. Се асфалтираа 200 метри од улицата која беше една од најнепроодните улици и сериозен проблем по безбедноста на возачите и жителите, поради конфигурацијата на теренот.

Градоначалникот Горан Трајковски направи увид во работите при што истакна дека Општината одговара на барањата на граѓаните и реагира за решавање на нивните приоритети, согласно со можностите на општината.

Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет за изградба на улици финансиран од Буџетот на Општина Делчево во износ од 12 милиони денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти, се асфалтираше и пристапната улица на „Кеј на Брегалница“, а во првата фаза ќе се работи и на изградба на потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри, а започнати се работите и за изградба на две улици во населба Басарица со вкупна должина од околу 100 м.

Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.

Shares