Хуманитарна мисија „Заедно за еден поинаков училишен ден“

  • News

Под мотото „Заедно за еден поинаков прв училишен ден“, традиционално и годинава на почетокот на учебната година, ЈЛБ„Илинден“-Делчево и Општина Делчево, подарme too училишен прибор и пакети со храна на ученици кои живеат во социјален ризик.

По консултации со надлежните во двете основни училишта, годинава се доделија пакети со училишен прибор и пакети со храна и средства за хигиена на семејства на четири ученици од ООУ „Ванчо Прке“ кои живеат во с. Црквенец и во с. Илиово, а припаѓаат на еднородителски семејства кои се во тешка социјално-економска состојба.

Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден, Билјана Петровска, овие деца не само што се во тешка социјалнa состојба и ги одгледуваат самохрани родители, тоа се и дечиња кои поминале низ трауми и се соочени со секојдневно преживување.

ЈЛБ„Илинден“, со многу љубов и внимание им спакува пакети со разновиден школски прибор сакајќи почетокот на новата учебна година да го започнат со радост и среќа и да имаат сè, што на првиот училишен час ќе имаат сите други деца. Општина Делчево се приклучи на акцијата и подготви пакети со храна и хигиенски стредства кои веруваме ќе им бидат добредојдени. Со поддршката кои тие постојано ја добиваат и од ООУ „Ванчо Прке“, каде што учат, но и со денешната наша активност, веруваме дека испраќаме порака и на дело покажуваме дека детската насмевка, радоста и задоволството на нашите деца, секогаш треба да ни биде приоритет. Затоа што секое дете заслужува да биде среќно и безгрижно, порача Петровска.

Пакетите утрово се доставени до ООУ„Ванчо Прке“, а потоа ќе се испратат до семејствата.

Shares