Делчево одбележува 78 години од ослободувањето

  • News

Делчево денеска одбележува 78 години од ослободувањето и 31 година од независноста на државата. Чествувањетo на двата значајни датуми од историјата на Делчево, започна пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот кој го чува споменот на паднатите борци во НОВ од делчевскиот крај прерд кого се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од МВР предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот Гоце Попов, претставници на институции, здруженија на граѓани и политички партии.

Во чест на празникот на градот се одржа и Свечена седница на Советот на Општина Делчево на која присуствуваше и министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

Претседателот на Советот, Гоце Попов , кој ја отвори Седницата, изрази благодарност на сите членови на Советот кои изминатиов период покажа дека се вистински борци за правата и барањата на своите сограѓани, на сите поранешни градоначалници и  советници кои со својот личен ангажман, несебичен труд и залагање, дадоа значаен придонес во изградбата и развојот на Делчево. Посебна јавна благодарност, Попов изрази на ангажманот на градоначалникот Трајковски за неуморното работење, за визијата и ентузијазмот за севкупниот раст и развој на Делчево, како и на  пратеничката Соња Михаиловска за нејзиниот хуман пристап и ќелбата да се помогне на секој граѓанин.

-Во првата година од работата на Советот, остварена е мојата визија, Советот на Општина Делчево да биде храм на демократијата, каде секој советник и граѓанин ќе ги остварува своите демократски права на највисоко ниво. Лично сметам дека го исполнив и ветувањето дадено на Конститутивната седница,со кое ветив дека ќе бидам најсилен поддржувач во работата на градоначалникот и Општината во целост, но и најжесток критичар кога сметам дека дека се греши и не се работи во интерес на граѓаните. рече Попов.

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање на Свечената седница истакна дека денешно Делчево е плод на големата храброст и пожртвуваност на слободоумните и бестрашните борци за слобода кои ги удрија темелите на слободно Делчево, на сите повоени дејци и лидери кои го трасираа патот на развојот на нашето гратче, распослано на двата брега на Брегалница, да расте и да се развива, да раѓа нови приказни, да се создаваат нови спомени. Говорејќи за развојот на денешно Делчево, Трајковски ги презентираше актуелните проекти кои се реализираат во Општината.

о моментов во Делчево се инвестираат проекти во висина од над 180 милиони денари, не сметајќи ги овде тековните инвестиции кои се однесуваат на проектот за Водоснабдување на Делчево. Работиме на транспарентност и отчетност, работиме да бидеме општина за сите граѓани и вистински сервис на граѓаните, но пред сѐ, нашите заложбите се да создадеме подобар квалитет на животот на нашите сограѓани. Никогаш не велам дека ќе биде лесно, но секогаш велам дека ќе се исплати за сегашните и идните генерации, бидејќи за Делчево работиме, а тоа е највредно, истакна Трајковски.

On The solemn session was assigned Седмосептемвриската награда на фирмата „Брегал“ ДОО од Делчево за особени достигнувања од областа на стопанството и општествена одговорност и на Лоренцо Трајановски за афирмација на Делчево.

Воедно, Трајковски додели плакети за успешна соработка и поддршка на Општина Делчево на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

На свеченоста беа доделени плакети за општествена одговорност на АД „Фротирка-компани“ и на нашите иселеници Виктор Коларски и Антонио Витановски, како донатори и иницијатори за изградба на првата атрактивна градска фонтана во градот. Плактеа за општествена одговорност доби и ЈЛБ „Илинден“ за нивниот ангажман и иницирани акции со цел да се помогне на семејства кои живеат во социјален ризик.

Традиционално на Свечената седница беа доделени и наградите за најубаво уреден двор. Согласно со оценката на Комисијата, награда за најубав двор добија: најубав двор на Цветко Коларски од с.Град; втора награда за Кристина Миленковска од с.Звегор, а трета награда за Ванчо Коларски, од с. Град. За најубав двор во втората категорија-институции и колективно домување е прогласен дворот на ООУ „Ванчо Прке“.

Инаку, во рамките на одбележувањето на празникот на градот, со почеток во 17 ч во СОУ „ММ Брицо“ ќе се одржи турнир во пинг-понг за младинци во организација на Советот на млади, а вечерва со почеток во 19.00 ч. ќе се одржи промоција на новото дело на авторите Драган Арсовски и Софрон Ѓеоргиевски, „Паметници за Царево Село-цркви и манастири во Делчевско и сведоштва на царевослеци“.

Shares