Делчево домаќин на 9. Стручен собир на пожарникарството

  • News

Делчево в сабота, 19.11.2022 г. ќе биде домаќин на 9 Стручен собир на пожарникарството „Делчево 2022“ кој е во организација на Организацискиот одбор составен од професионалци –пожаникари, Министерството за внатрешни работи и Општина Делчево.

Во рамките на настанот во Делчево, пожарникарите од ТППЕ Делчево ќе спроведат тактичко-показна вежба-симулација на автомобилска несреќа и извлекување повредено лице на плоштадот пред Спомен-дом АСНОМ по што ќе следува 9 Стручен собир што ќе биде организиран во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на Стручниот собир ќе се одржат стручни предавање и презентации во кои ќе бидат обработени актуелни теми, анализи, а ќе се пренесат и искуства од реални интервенции за: гаснење пожари, евакуација, спасување животи, природни богатства и животна средина, материјално- технички средства, технички интервенции на пожарникарите во различни услови на работа, искуства од прекуграничната соработка, презентација на нови методи и тактики, нова опрема и средства за работа на пожарникарите и др. На стручниот собир, покрај домашни експерти од областа на пожарникарството, ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

Целта на настанот е да се поттикне развојот на пожарникарството, како професионалното, така и доброволното, организирањето вежби со различни сценарија и заеднички настап на службите за брза интервенција од: противпожарните единици од ТППЕ, полицијата, итната медицинска помош, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст на РСМ и други хуманитарни и волонтерски друштва. Овие активности се во насока на стекнување сомодоверба, градење на личните искуства, познанства и пријателства.

Гостите во Делчево ќе имаат можност да се запознаат и со природните и културните богатства на Општина Делчево.

Настанот започнува во 12.00 часот пред Спомен дом АСНОМ.

Shares