Повторно се чистеше отпадот зад хотел „Македонија“

  • News
Екипи на ЈКП „Брегалница“ повторно го чистеа отпадот создаден на локацијата, каде што се поставени садовите за отпад-контејнери зад хотел „Македонија“ во централното градско подрачје.

Иако оваа локација, каде што се поставени 7 нови контејнери, се чисти редовно од надлежните, овде редовно се создава депонија, бидејќи несовесни граѓани, отпадот од домовите го оставаат покрај контејнерите.

Од ЈКП „Брегалница“ апелираат до граѓаните да бидат совесни, да не ја загадуваат околината, каде што живеат, а отпадот да го фрлаат исклучиво во садовите за таа намена кои се празнат редовно по однапред утврден распоред.

Shares