Зајакнување на капацитетите за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево

  • News

Општина Делчево е една од петте пилот општини во државата, каде ќе се имплементира проект за подобрување на капацитетите за управување на сообраќајот и операционализација на институционални промени. Проектот се спроведува од Министертсвото за транспорт и врски и Конзорциумот PLANET-CA, Грција и SUEZ– консултантинг, Белгија, преку кои е обезбедена техничка помош за реализација на проектната активност, а во рамките на проектот за поврзување локални патишта преку Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Денеска во Делчево се одржа првиот состанок и работилница на која пред присутните претставници од Општина Делчево и предложените членови на Работната група за подготовка на стратешки документи беше претставен проектот, неговите цели и начинот на имплементација.

Инаку, Проектот предвидува три активности: изработка на водич за операционализација на институционалните промени, формирање локално тело за унапредување на безбедноста во сообраќајот и обука за унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Воедно, локалното тело за безбедност во сообраќајот ќе треба да работи и на подготовка на стратешки документ – стратегија за безбедност во сообраќајот и акциски план и оперативни документи (годишна програма за работа) кои ќе бидат базирани на анализа која ќе ја земе предвид Директивата на ЕУ 96/2008 и 2019/1936 за управување со безбедноста на патната инфраструктура и со фокус на управување со црни точки (идентификација и приоритизација), инспекција/ревизија на безбедноста во сообраќајот, дизајн на безбедни патишта/улици, високоефикасни евтини мерки за безбедност во сообраќајот, мерки за смирување на сообраќајот, дизајн на патишта кои поминуваат низ населено место, дизајн за ранливи ученици во сообраќајот, пристап за приоритизација и буџетирање на интервенции итн.

Имплементацијата на овој проект во Делчево ќе придонесе за подобрување на капацитетите за управување со сообраќајот на локално ниво.

Shares