Покана за одбележување на 147 години од Разловечкото востание

  • News

По повод одбележувањето на 147-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево во партнерство со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура, организира пригодна свеченост на 26 мај 2023 (петок ) во с. Разловци со следната програма:

  • 08:15ч. –Планинарски марш с.Тработивиште-Светите води-с.Разловци, зборно место од паркингот пред Спомен-дом АСНОМ од каде е обезбеден превоз до с.Тработивиште (Планинарско друштво „Голачка срна“)
  • 09:30ч. – Тргнување на сите останати учесници и гости на манифестацијата
    (паркинг пред Спомен-дом АСНОМ со обезбеден превоз до с.Разловци)
  • 10:30 ч почеток на манифестацијата во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“
  • положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан;
  • културно-уметничка програма.

По тој повод, се покануваат сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.

Воедно и в недела (28.05.2023г.) ќе се одржи и уште еден планинарски марш од с.Разловци до месноста Калаџерџево во организација на ПСД „Голак“ Делчево.

Shares