Се подготвуваа Буџетски форум за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2024 година; Објавен анкетниот прашалник за собирање предлози

  • News

Општина Делчево и Регионален центар за застапување Делчево ги подготвуваат форумските сесии за Буџетскиот форум кој е во насока на дефинирање на приоритетите за реализација за календарската 2023 година. За оваа година е планирано да се одржат три форумски сесии, а првата е закажана за 24.10.2023 (вторник) во мултифункционлниот центар во Спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 11.00 часот. Преку Буџетскиот форум жителите на Општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на Бthe budget of Општина Делчево за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на Буџетот за наредната, 2024 година. Воедно, присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од Буџетот за подобар развој на Општината.

Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџетот за 2024 г.

Во таа насока, денеска е објавен и анкетниот прашалник на следниот LINK, кој има за цел да ги собере приоритетите од граѓаните кои нема да бидат во можност да присуствуваат на форумските сесии, а деновиве ќе се достават и прашалници и до сите месни и урбани заедници во Општина Делчево.

Shares