Се засадуваат нови садници во Делчево

  • News

Садници од јавор и црвена слива ќе ги красат зелените површини кај новиот градски пазар и пешачкиот мост. Во денешната акција за пошумување која ја спроведоа екипи на ЈКП „Брегалница“ се засадени 70 садници јавор и 30 садници црвена слива. Дополнително ќе се врши пошумување и на јавните зелени површини од паркот „Езерца“ кон градскиот стадиум. Исто така, ќе се изврши замена на оштетените садници засадени во централното градско подрачје и на зелените површини по булеварот „Македонија“.

Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени 233.640 ден. со вклучен ДДВ. Економски оператор е „Градина цвет“ од с. Владиевци Василево, како најдобар понудувач.

Градоначалникот Горан Трајковски направи увид на почетокот на акцијата и истакна дека целта на оваа акција е да се збогатат содржините во јавните зелени површини во градот, да се оплемени и озелени просторот околу новите објекти, новиот градски пазар и пешачкиот мост со што овој дел од градот, каде претходно се изградени и современи сообраќајници и паркинг-просотор, да добие  современ урбан лик и зелени површини.

Засадувањето на новите садници значително ќе влијаат и на прочистувањето на амбиенталниот воздух и почиста животна средина.

 

Shares