Саем на книга во духот на хуманоста

  • News

Во рамки на Деновите на хуманоста, а по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, во ЈЛБ„Илинден“-Делчево се одржа саем на книга од издавачката куќа „Сакам книги“ кој предизвика навистина голем интерес кај нашите сограѓани. И градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денес го посети саемот на книга, поддржувајќи ја оваа хумана и културна иницијатива, охрабрувајќи ги активностите кои поттикнуваат вклученост,солидарност и љубов кон книгата.

Shares