Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпишаа Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево

  • News

Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпишаа Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево.
Со овој анекс се регулира и зголемува висината на платите на вработените во ТППЕ Делчево, со што се решава деценискиот проблем на професионалните пожарникари. Истовремено, со измените се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево.
Овој договор претставува значаен чекор кон унапредување на правата и статусот на вработените, подобрување на условите за работа и зголемување на мотивацијата, стабилноста и ефикасноста во извршувањето на секојдневните работни обврски.
Shares