
Во 2026 година, Општина Делчево ќе има на располагање поголем буџет за реализација на Програмата за социјална заштита. За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година предвидени се вкупно 13.689.339 денари, од кои 10.832.339 denars ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Делчево за 2026 година, а 2.857.000 денари ќе бидат обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и други институции.
Целта на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година е спречување и надминување на социјалните ризици во кои можат да се најдат ранливите категории на граѓани од нашата општина.
Остварувањето на социјалната заштита на граѓаните во Општина Делчево се врши преку низа мерки и активности предвидени во Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година. Во оваа година покрај веќе востановените мерки како што се: помош за социјално ранливи категории на граѓани и семејства, помош за лица/семејства погодени од несреќи и др. елементарни непогоди, помош на невработени лица кои тешко се снаоѓаат на пазарот на трудот, помош и грижа за стари и изнемоштени лица, помош и грижа за лица со посебни потреби, помош и грижа за децата промовирање и развој на нови социјални услуги, се воведуваат и нови мерки кои ќе придонесат за социјална сигурност за одредени категории на лица/семејства и кои досега немале основ за остварување права од Програмата за социјална заштина на Општина Делчево.
Новите мерки се однесуваат на следните категории на граѓани:
1. еднократна парична помош за еднородителски семејства во износ од 10.000 денари,
2. еднократна парична помош за лекување на онколошки пациенти во износ од 10.000 денари
3. еднократна парична помош за рехабилитација на ученици со мускулна дистрофија во износ од 20.000 денари.
Постапката за доделување парична помош е уредена во Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување еднократна парична помош.



