Делчево, денеска со посебен пиетет се поклонува пред ликот и делото на светите сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј, гордо славејќи ги како заштитници на градот и носејќи од дамнина почит кон светителите.
Чествувањето започна со свечена академија на која градоначалникот Гоцевски порача дека приказната за Делчево и светителите не е случајна.Таа е нераскинливо врзана од дамнина.
-Има многу симболика во оваа исконска врска и Брегалничката мисија и Делчево како град низ кој тече Брегалница. Науката сѐ уште не одговорила, но ние како жители кои живееме во горниот дел на Брегалница имаме право да веруваме дека значајната Мисија во која се родила првата словенска азбука се наоѓала тука, на овој регион. Брегалничка мисија инспирира. Во овој регион биле покрстени илјадници жители, факт кој регионов го става на рамниште на Охридскиот. Почитта кон светителите е вткаена во животот на делчевци, нагласи Гоцевски.
Тој испрати апел за доизградба на новиот храм „Св.Кирил и Методиј“.
– Обврска на сите нас е да ја доизградиме оваа соборна црква која ќе биде духовна храна, центар на верата и молитвата и вечен симбол на почитта на светителите Кирил и Методиј. Затоа, дозволете ми, да ја актуелизираме донаторската акција чија жиро-сметка е јавно објавена на општинската веб-страница. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикувам сите граѓани, општествено одговорни компании, нашите иселеници и сите почитувачи на делото на светите браќа, да вложат средства според можноста и ,конечно, да го доизградиме храмот кој ќе биде своевиден белег на Делчево, нагласи Гоцевски.
Настанот го отвори претседателот на Советот, Николчо Стојменовски кој ја потенцираше светата улога на солунските браќа и нивното наследство.
-Ние денешните генерации имаме света должност да ја чуваме и да ја пренесуваме оваа светлина. Да го негуваме македонскиот јазик во неговиот најубав и најчист облик, да бидеме достојни продолжувачи на делото на соунските браќа. Нека оваа свечена академија биде не само спомен, туку и обврска кон знаењето, кон вистината и кон нашиот народ, истакна Стојменовски.
На настанот се обрати и епископот Марко која ја нагласи кирилометодиевската традиција и значењето на почитувањето на нивното дело.
Чествувањето продолжи со промоција на книгата„Св.Кирил и Методиј“ –промотор монахиња Ирина и со концерт на црковно византиско пеење во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ од Скопје.