Јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион

Меѓуoпштинските одбори за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион организираат јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион.

Јавната расправа за заинтересираните граѓани и за општините Берово, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево ќе се одржи в петок, на 12. 06.2026, во просториите на Општина Берово.

Нацрт-регионалниот план за управување со отпад во Источниот и во Североисточниот регион и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот се подготвени во рамките на проектот Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион, а се финансирани од ЕУ преку ИПА.

 Подготвениот Нацрт-извештај за стартегиската оцена на животната средина од Планот се достапни на веб-страниците на центрите за развој на Источниот и Североисточниот регион.

Со цел поголема транспарентност и вклучување на јавноста, меѓуопштинските одбори за управување со отпад ги организираат овие јавни расправи на кои ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Shares