Завршена реконструкцијата на улицата „Индустриска“ – нова современа сообраќајна инфраструктура за Делчево

Успешно заврши реконструкцијата на улицата „Индустриска“, еден од позначајните инфраструктурни проекти во општината, со кој е обновена делница во должина од 500 метри.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски, во вкупна вредност од 11.808.566 денари. Со реконструкцијата е обезбедена поквалитетна, побезбедна и помодерна сообраќајна инфраструктура, која ќе придонесе за подобра поврзаност и услови за функционирање на индустриската зона и за секојдневното движење на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека реализацијата на овој проект претставува исполнување на уште едно ветување и доказ дека со визија, партнерство и посветена работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните.

Општина Делчево продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот, модернизација на локалната патна мрежа и создавање подобри услови за економски развој на општината.


Shares