Општинскиот кризен штаб со заклучоци за надминувања на проблемот со водоснабдувањето на Делчево

  • News

Дефектот на главната водоводна линија и прекинот на водоснабдувањето на поголемиот дел од градот беше тема на денешниот состанот на Општинскиот штабот за заштита и спасување.

На состанокот, градоначалникот Гоцевски ги информираше присутните за дефектот на водоснабдителниот систем на главната водоводна мрежа којшто се случи вчера во попладневните часови, поради што во поголемиот дел од градот, посебно во повисоките реони е прекинат доводот на вода во домаќинствата.

Станува збор за прснување разводен елемент во главна шахта бр. 1, кој според специфичноста за негова изработка бара повеќе време за итна изработка, набавка и вградување од страна на стручните служби на ЈКП „Брегалница“ Делчево. Дополнително, овие рокови може да се продолжат поради потребата од хемиска и бактериолошка контрола на водата во целокупниот систем на град Делчево, нагласи Гоцевски.

Тој информираше дека од моментот на настанување на инцидентот, Општина Делчево ги мобилизираше сите расположливи надлежни органи и се постапува на терен со сите надлежни служби.

– Со цел надминување на состојбата, Општина Делчево обезбеди и 2 шлепери вода за пиење, а 1 шлепер е донација од општествено одговорната компанија „Кожувчанка“.Општина Делчево, во соработка со ТППЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“ Делчево и ОО Црвен Крст Делчево, организира пунктови за достава на вода за домаќинствата . Организирани се 7 пунктови низ градот за достава на вода за пиење и 5 пунктови за обезбедување со техничка вода, додека за нормално реализирање на дејноста обезбедени се потребни количина вода на специфичните институции– Здравен дом и детскаand градинка, нагласи Гоцевски.

На Состанокот беа донесени следните Заклучоци:

1. Се контстатира дека поради дефект на главната доводна цевка е настанат прекин во водоснабдувањето на поголем дел од територијата на Општина Делчевп

2. Се задолжува ЈКП „Брегалница“ итно да ги преземе сите потребни активности за санација на дефектот и редовно да го информира Општинскиот кризен штаб.

3. Се задолжува градоначалникот на Општина Делчево да обезбеди флаширана вода за пиење за жителите на Општина Делчево од тековните резерви на Општината согласно со Одлуката за согласност за користење на средствата од тековните резерви од Буџетот на Општина Делчево за 2026 година донесена на Советот на О. Делчево

4. Се задолжуваат надлежните служби на Општина Делчево во соработка со ЈКП „Брегалница“, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, да организираат снабдување со вода за пиење  преку цистерни и други соодветни средства со приоритет на здравствените установи, градинката и ранливите категории граѓани.

5. Се задолжува Општината преку своите канали на информирање редовно да ја известува јавноста за состојбата, активностите што се преземаат и препораките до граѓаните.

6. Општинскиот кризен штаб останува во постојано заседание до целосно нормализирање на водоснабдувањето и ќе предлага мерки доколку тоа го наложи состојбата.

7.  Овој Заклучок со предлог-мерки стапува во сила со денот на нивното усвојување од страна на Општинскиот кризен штаб.

Воедно, на Состанокот беше апелирано до сите граѓани на Општина Делчево  дистрибуцијаand на вода за пиење и техничка вода да се реализира во најдобар ред и со почитување на утврдената динамика со лицата на терен и да се набавуваат ограничени количини вода за секое домаќинство.

Shares