ЈАВЕН ПОВИК за доставување предлози за доделување на награда за „Најдобар комунален работник“

Врз основа на член 49 од од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево  бр.4/26 ),Градоначалникот Општина Делчево објавува

 

PUBLIC CALL

за доставување предлози за доделување на награда за „Најдобар комунален работник“

 

  1. ЦЕЛ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Наградата „Најдобар комунален работник“ се доделува со цел да се оддаде признание и да се истакне придонесот на комуналните работници во одржувањето на јавната чистота, уредноста и функционалноста на комуналната инфраструктура на територијата на Општина Делчево.

Наградата се доделува еднаш годишно и се состои од признание/плакета, согласно одредбите од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчевона Општина Делчево.

  1. КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КАНДИДАТ

Право на учество во постапката за избор имаат комунални работници вработени во јавно комунално претпријатиесо најмалку 2 години работно искуство.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево  бр.4/26 ).

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

При оценувањето на кандидатите ќе се земат предвид следните критериуми:

  • Одговорност и дисциплина во извршувањето на работните задачи;
  • Квалитет и ефикасност во работењето;
  • Придонес во одржувањето на јавната чистота и уредност;
  • Ангажман во вонредни услови и подготвеност за извршување на работните задачи во специфични и отежнати услови;
  • Професионален однос кон граѓаните и колегите;
  • Иницијативност и тимска работа;
  • Други достигнувања, активности или особен придонес од значење за успешно извршување на комуналните работи.
  1. КОЈ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ

Предлози за кандидати можат да поднесат:

  • Јавното комунално претпријатие;
  • раководители и одговорни лица во јавното комунално претпријатие;
  • синдикални организации;
  • други релевантни субјекти (граѓани и правни лица заинтересирани за унапредување на комуналните услуги и јавната чистота) .

Предлогот треба да содржи образложение со конкретни податоци и факти за работата, ангажманот и придонесот на предложениот кандидат.

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Кон предлогот потребно е да се достави:

  • пополнет предлог за кандидат за наградата;
  • образложение на предлогот;
  • податоци за кандидатот (име и презиме, работно место и работодавач);
  • податоци и докази за исполнување на условот за најмалку две години работно искуство;
  • други документи или докази со кои се потврдуваат достигнувањата и придонесот на кандидатот, доколку предлагачот располага со истите.
  1. НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ

Предлозите се доставуваат во затворен плик со назнака:

„ПРЕДЛОГ ЗА НАГРАДА – НАЈДОБАР КОМУНАЛЕН РАБОТНИК – НЕ ОТВОРАЈ“

на адреса:

Municipality of Delchevo

ул. „Љубомир Белогаски“ бр. 1

2320 Delchevo

или лично во архивата на Општина Делчево.

Рокот за доставување на предлозите е 8 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, односно најдоцна до 31.08.2026 година.

Предлозите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.

 

VII. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР

Постапката за избор ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, составена од претставници на Општина Делчево и претставници на ЈКП „Брегалница“ – Делчево.

Комисијата ќе ги разгледа сите навремено доставени предлози и ќе изврши оценување на кандидатите согласно критериумите утврдени со Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево  бр.4/26 ) и во овој Јавен повик.

По спроведеното оценување, Комисијата ќе достави образложен предлог до Градоначалникот на Општина Делчево за доделување на наградата.

Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Делчево ќе ја додели наградата за „Најдобар комунален работник“ по повод одбележувањето на 7 Септември – Денот на ослободувањето на Делчево.

 

MUNICIPALITY OF DELCEVO

Mayor

 Иван Гоцевски

Shares