Во Делчево ќе се одржи посебна седница на Советот посветена на младите

  • News

Претставници од Локалниот младински совет денес одржаа средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и претседателот на Советот, Николчо Стојменовски на која се разговараше за предизвиците на младите во Делчево и за планираните активности на ова младинско тело.

Ценејќи ја потребата за поголем младински активизам договорено е да се одржи посебна седница на Советот посветена на младите. Датумот за одржување на оваа седница е дефиниран за 18 септември.

На оваа седница, младите ќе имаат можност директно да поставуваат прашања и да добиваат одговори од претседателот на Советот, градоначалникот, како и од директорите на локалните институции, јавните установи и претпријатија.

Ова е уште еден чекор кон поотворена, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во која младите не се само набљудувачи, туку активни партнери во креирањето на иднината на Делчево.

Shares