Изменет режим на сообраќај за време на настан „Денови на мојот град Делчево “

  • News

Општина Делчево ја известува јавноста дека в понеделник на 07.09.2026 година со почеток од 11:00ч до 13:00ч на паркингот пред Спомен- дом АСНОМ ќе се одржи воено-показна поставка на опрема и персонал на АРМ, а од 16:00ч до 20:00ч. на истиот паркинг ќе се одржи настан од изложбен карактер на стари автомобили Ретро Кар Шоу. Заради успешна реализација на настаните, паркирањето на возилата ќе биде овозможено на соседните паркиралишта лоцирани зад поштата и Спомен -домот АСНОМ и на улицата „Никола Јонков Вапцаров“.

Исто така, в понеделник на 07.09.2026 година со почеток од 19:30ч до 02:00ч наредниот ден на улицата „Методи Митевски- Брицо“ (од семафорите до крстосницата пред мостот на река Брегалница) ќе се одржи настан „Денови на мојот град Делчево“ при што сообраќајот на оваа улица во наведениот временски период ќе биде во целосен прекин. 

Сообраќајот од мостот на река Брегалница се пренасочува по улиците „Љубомир Белогаски“ (поранешна „Светозар Марковиќ“) и „Кеј на Ослободувањето“, а во правец од Милково Брдо по Булевар Македонија.

Општина Делчево апелира до граѓаните возилата да ги паркираат на расположливите паркиралишта во градот Делчево и да го имаат предвид изменетиот режим при планирање на нивните патувања.

Shares