
Поради големи оштетување на оградата на пешачкиот мост „Гоце Делчев“ од денеска започна санација и замена на оградата која изминатиов период беше цел на вандализам и оштетена од несовесни поединци. Со оваа интервенција целосно се обновува оградата со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите граѓани кои секојдневно го користат мостот.
Општина Делчево апелира до граѓаните додека траат работите да се движат со зголемено внимание и да ги почитуваат поставените предупредувања. Воедно, апелираме до сите граѓани заеднички и одговорно да го чуваме јавното добро, бидејќи тое им припаѓа и им служи на сите граѓани.



