Започна со работа Туристичкиот-културен информатор во Делчево

  • News

Од денеска започна со работа првиот Туристички културен информатор со што Делчево испишува нова страница во туристичката промоција и афирмација на локалните природни и археолошки раритети и спецификите на Пијанец.

На отворањето присуствуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој заедно со градоначалникот Иван Гоцевски и директорот на НУКЦ „Никола Јонков Вапцаров“, Злате Начовски, направија увид во тековните работи во канцеларија сместена во центарот на Делчево до киносалата.

Градоначалникот Гоцевски изразувајќи благодарност до министерот Андоновски за поддршката за реализација на проектот, како и на директорот на НУЦК, „Н.Ј.Вапцаров“, Начовски, за партнерството во процесот за Делчево да го добие овој центар истакна дека Туристичкиот културен информатор e важна основа за развој на туризмот, но и како место каде што ќе се поврзуваат културата, туризмот, локалната економија и современите дигитални можности

Денеска во Делчево отвораме нешто што е многу повеќе од ново место за туристички информации. Го отвораме првиот Туристички културен информатор – простор преку кој сакаме на еден современ, организиран и препознатлив начин да го претставиме најдоброто од Делчево и Пијанец. Посебно ми е драго што денеска со нас е министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Неговото присуство е дополнителна потврда дека локалниот развој и дигиталната трансформација треба да одат заедно. Нашата цел е Делчево да биде општина која ја чува својата традиција и идентитет, но истовремено смело ги користи современите технологии за да создава нови можности, нагласи Гоцевски.

Министерот Андоновски истакна декка целта на Министерството е да се доближат услугите до граѓаните независно дали живеат во поголемите или помалите центри или населени места, а овој туристичко-културен информатор ќе им служи на сите граѓани посебно на туристите.

-Овој центар ја има нашата поддршка која беше во вид на опрема и ќе им служи и на граѓаните на Делчево, но пред сè на туристите за да се запознаат со сите знаменитости, бидејќи знаеме каков потенцијал има овој регион и ова е добра шанса да се искористи. Тука не застанува соработката продолжуваме понатаму и од овде ја најавувам акцијата која ќе ја спроведеме, а тоа е Караванот за услуги кој е замислен да ги посетува руралните средини и ќе нуди услуги на граѓаните и можности за вадење основни документи. Во наредниот период ќе се фокусираме повеќе и на овие средини, нагласи министерот Андоновски.

Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Злате Начовски посочи дека со овој информатор, посетителите, но и нашите сограѓани ќе можат на едно место да добијат информации за културните, историските, природните локалитети туристичките содржини што ги нуди Делчево и за сите културни настани.

-За нашата установа ова е значајно продолжение на нашата определба културата да ја доближиме до граѓаните и посетителите на Делчево, нагласи, Начовски.

Отворањето на овој Туристички културен информативен центар е дел од поширока програма на Оmunicipality of Delchevo Најдоброто од Делчево” која се реализира во соработка со локални компании, здруженија и поединци.

Центарот е заеднички проект на Општина Делчево, Министерството за дигитална трансформација и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, а главна цел е афирмација на потенцијалите за развој на Делчево во локални, национални и меѓународни рамки.

Shares