JАВЕН ПОВИК за пријавување учесници во манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2026“ Саем на традиционална храна и рачни изработки

Врз основа на Програмата за култура за 2026 година, Општина Делчево распишува

JАВЕН ПОВИК

ia пријавување учесници in манифестацијата

„Пијанечки денови на сливата 2026“

Саем на традиционална храна и рачни изработки

 

Општина Делчево во соработка со локалните институции, здруженија на граѓани, приватни компании и поеднинци,традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2026“.

 

Оваа година манифестацијата ќе се одржи во с.Град на ден 03.11.2026 година (вторник) со почеток од 11:00 часот.

 

Во рамки на централниот настан е предвидено:

1.Натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“

2.Подготовка или промоција на мармалад, слатко и компот од слива

3.Подготовка на традиционални бели пецива со производи од слива

  1. Декорирање и претставување на штанд со традиционални производи,ракотворби, премети итн.

 

Подготовката на ракија, мармалад и слатко, како и декорирањето на штандот ќе има натпреварувачки карактер, а додека другите активности се ревијални.

 

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци/ки, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите.

 

Општина Делчево за сите пријавени учесници ќе обезбеди:

1.Други потрошни материјали како дрва, шеќер, брашно и сл.

2.Тезга за изложување и продажба на производите

3.Промотивни материјали за учесниците

4.Две награди за највесела ракија (прва награда во износ од 8.000 ден, втора награда од 6.000 денари), награда за најсладок мармалад/слатко во износ од 3.000 денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од 3.000 ден.

 

Рокот на пријавување е до 29.10.2026 year (четврток). Пријавувањето се врши со пополнување и поднесување Пријава во архивата на Општина Делчево.

 

Лице за контакт од Општина Делчево: Ванчо Новоселски, моб.тел. 070 309 630, e-mail: v.novoselski@yahoo.com

 

Пријавите може да се симнат од веб- страницата на Општина Делчево или да се подигнат во архивата на Општина Делчево.

Преку оваа манифестација се промовираат сливата и преработките од слива, како еден од традиционално најзастапените земјоделски производи во Пијанец. Самиот настан е планирано да биде организиран и како саем за храна и ракотворби карактеристични за Пијанечкиот крај.Целта за одржување на оваа манифестација во с.Град произлегува од идејата секоја година вакви и слични манифестации да се одржуваатво различно населено место, со што ќе се допринесе за уредување на селата, ќе се промовираат населените места во општината како туристички дестинации, како и самите сместувачки капацитети во селата со што директно ќе се поттикне развојот на селскиот (рурален) туризам во Општина Делчево.

Shares