Соопштение: Манифестацијата Пијанечки денови на сливата ќе се одржи на 4 ноември (среда)

  • News

Општина Делчево ги известува граѓаните дека традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата 2026“ најавена за утре, 3 ноември, поради неповолните временски услови и најавените врнежи од дожд, се одложува.

Манифестацијата ќе се одржи в среда, на 4 ноември, во с. Град со почеток и програма согласно со претходно најавениот распоред.

Ви благодариме за разбирањето и ве очекуваме во с. Град на заедничкото одбележување на традицијата, богатство и препознатливоста на Пијанец и делчевските села.

Shares