Во рамките на Проектот за поврзување локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Oпштина Delchevo there is аплицирано со поeпроекти за реконструкција на делница од локален пат Л-1 Делчево – Тработивиште со должина од 5,300м, реконструкција на улица „Орце Николов“ и ул.„Скопска“со должина од 750,0м, реконструкција на дел од улица „Острец“со должина од 74,0м, кои се дел од Тендер 2 and за кој во најскоро време ќе започнат работите на терен.
Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.
Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Delchevo пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизмот за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го направат преку два документи: Механизам за жалби и поплаки преку примање жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.
Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб– sideica на Општина Delchevo ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.
Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот