ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време на 80 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Законот за основното образование (,, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и од Правлиникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и изборот на образовен/личен асистент, одобрените согласности за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука бр. 12-9820/3 од 21. 07. 2021 година Основното училиште со ресурсен центар ОУРЦ ,, Св. Климент Охридски“ Ново Село објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

За вработување на определено работно време на 80 стручни соработници – приправници образовни асистенти за ученици со попреченост во основното образование.

 

Се објавува јавен оглас за вработување на 80 стручни соработници – приправници образовни асистенти кои ќе бидат вработени на определено работно време во учебната 2021/2022 година за работа со ученици со попречености во основните училишта во следните општини: Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани,  Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чишиново Облешево, Конче, и Радовиш.

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

General conditions

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена состојба за работното место,
  • Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
  • Да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителско право,
  • Со правослина пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци,
  • Да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружило образовна асистенција.

Посебни услови:

Образовниот асистент може да биде лице кое се стекнало со звање:

Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС) односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е  VI A според МРК или 240 ЕКТС).

  • Општи работни компетенции на образовни асистенти:
  • Непосредна подршка на учениците со попреченост,
  • Соработка со наставниците
  • Соработка со родителите/старателите
  • Соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот.
  • Образовниот/асистент е должен да ги извршува работните задачи согласно изготвената програма за работа и Договорот за работа, примерно да се однесува и го почитува редот и дисциплината во училиштето.
  • Распоред на работното време:
  • Работни денови: понеделник – петок
  • Работно време: 8 (осум) часови дневно
  • Работни часови неделно: 40, од кои 20 до 30 часа во директна подршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопстбената работа.

Основен надоместок на образовниот асистент: Нето плата 24.208 денари.

Времетраењето на работниот однос за кој се вработува образовниот асистент е на определено време за учебната 2021/2022 година.

Потребни документи за пријавување:

  • Барање/Молба
  • CV/Кратка биографија
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент,
  • Диплома за завршено соодветно образование
  • Уверение за државјанство
  • Извод од матична книга на родени,
  • Потврда од суд за неосудуваност,
  • Потврда од суд дека не му е одземено родителско право
  • Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основното образование се наведува името и презимето на ученикот и училиштето каде учи ученикот.

Огласот трае 3(три) работни дена, од денот на објавувањето, документите се доставуват до архивата на основното училиште со ресурсен центар ,, ОУРЦ Св. Климент Охридски“ Ново Село улица  Маршал Тито бр. 103 Ново Село, пошенски број 2434  општина Ново Село, со назнака           ,, јавен оглас за образовен асистент“

 

Документите се доставуват во оригинал или копии заверени на нотар.

Изборот на кандидатите ќе го врши Комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.  Во селекцијата за избор, по завршената административна проверка се врши интервју со комисијата.  Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред почетокот на учебната година, од соодветни обучени тренери.

НАПОМЕНА: Работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.

ОУРЦ ,, Св. Климент Охридски“ Ново Село

0Shares
0
Font size
Contrast