Објавен е Конкурсот за 15 студентски стипендии на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје

Општина Делчево денеска го објави Конкурсот за доделување 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје кои ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година. Стипендиите ги доделува Универзитетот за туризам и менаџметнт во Скопје, а се во износ од вкупно 7000 евра and ќе се доделуваат на следниот начин: во прва година 1000 евра, а во втора, трета и четврта година по 2000 евра.

Стипендиите важат за запишување на следните факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:

  • -Факултет за туризам
  • -Економски факултет
  • -Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент
  • -Факултет за менаџмент на човечки ресурси
    -Факултет за информатика

 Согласно со јавно објавениот Конкурс, право за конкурирање имаат сите средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево and се жители од Општина Делчево и државјани на Република Северна Македонија. Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од  социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани. Конкурсот е отворен до 3 август оваа година, а повеќе информации за потребните документи ќе добиете на следниот link

Shares