ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 и КП 3177/3, КО Ѕвегор-вгр, Општина Делчево (за поставување на фотонапонски панели на земја) со моќност до 1,0МW

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Делчево , на ден  04.12.2022 година, донесе

DECISION
ЗА  НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

 

  1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 и КП 3177/3, КО Ѕвегор-вгр, Општина Делчево (за поставување на фотонапонски панели на земја) со моќност до 1,0МW, не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Делчево : delcevo.gov.mk.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на Одлуката за спроведување односно еспроведување на стратегиска оцена  и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена , одобрувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 и КП 3177/3, КО Ѕвегор-вгр, Општина Делчево (за поставување на фотонапонски панели на земја) со моќност до 1,0МW,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Енергијата од сончевото зрачење претставува најобилен , неисцрпен , бесплатен и обновлив извор на енергија  кој не ја загадува околината, не создаваат емисии на штетни материи, не трошат гориво и не создаваат бучава. Изградбата на фотоволтаичните електрани ги подобрува перформансите на електроенергетската мрежа, го намалува увозот на електрична енергија. Влијанијата кои ќе се јават во фаза на градба се проценуваат како малку значајни и со ограничен временски рок.
  4. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на  објавувањето на одлуката на веб страната.

Sea форма 3177

Изготвил,
Горан Петровски

MUNICIPALITY OF DELCEVO
Mayor
Goran Trajkovski

Shares