Јавна консултација за Регионалниот план за управување со отпад

Денеска во Делчево беше презентиран Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) изработен во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Целта на оваа јавна консултација е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад.
Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува стратешките приоритети, инфраструктурата и активностите потребни за одржливо управување со отпадот, во согласност со националните и европските еколошки цели. Стратегиската оцена ја оценува потенцијалната еколошка импликација на предложениот систем и предлага мерки за нивно ублажување и подобрување.
На јавната консултација присуствуваа, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, градоначалничката на Општина Македонска Каменица , Соња Стаменкова, претставници од Советот на Општина Делчево, од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“, како и заинтересирани граѓани.

Shares