Поради намалениот водостој на каптажните места и на главниот бунар во селото Разловци има недостиг на вода за пиење во селото.
Со цел надминување на актуелната состојба, Општина Делчево ги презема потребните мерки за обезбедување вода за населението. Во таа насока се организира достава на вода за пиење во шишиња и по потреба ќе се обезбедува достава на вода во цистерни за техничка употреба.
Ги информираме граѓаните дека паралелно тече и процесот на анализа и испитување на можностите за зафаќање нови локации за каптажа со цел нивно испитување и вклучување во постојниот водоснабдителен систем.
Општина Делчево останува посветена на обезбедувањето стабилно и квалитетно водоснабдување и ќе продолжи да ги презема сите неопходни активности за надминување на состојбата.
Views: 45