КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2020 ГОДИНА

Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, на седница одржана на 05.08.2020 година, одлучи да распише

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2020 ГОДИНА

1. Општинската награда се доделува по повод Денот на празникот на Општината 7.Септември.

2. Општинската награда се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република  Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна  Македонија и во светот.

3. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ.

4. Наградата за правно лице се состои од плакета.

5. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година(сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина .

6. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.

7. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.

8. Со предлогот предлагачот е должен да достави и изворна верификација (плакети, награди,признанија и слично), а кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и еден примерок од делото.

9. Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.

10. Oваа година, поради пандемијата со Коронавирусот, Конкурсот ќе трае 20 дена, почнувајќи од 05.08.2020 година до 24.08.2020 година.

11. Предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”.

05.08.2020
Делчево

Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево

0Shares
0