ЈАВЕН ПОВИК за Програмата Општинско – корисна работа за проект “Грижа за стари лица и лица со попреченост”

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 20.08.2020година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа за проект

Грижа за стари лица и лица со попреченост

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Грижа за стари лица и лица со попреченостза работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 7 (седум) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Роми

– Корисници на Гарантирана Минимална Помош

– Лица со попреченост

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-Едукатор- мотиватор  во Дневен центар за лица со посебни потреби – 1 (еден) извршител;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, тработа со компјутери, интернет;

– Неговател за грижа на стари лица – 6 (шест) извршители;

Потребни квалификации – Основно образование или ССП, комуникативни вештини

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 20.08.2020година до 26.08.2020година, од 07:30 до 15:30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Oпштина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево  кај лицето Билјана Прачкоска,  Центар за социјaлни работи Делчeво кај лицето Благој Стоименовски.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РСМ
Центар за вработување Делчево
Раководител
Билјана Прачкоска

Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски

 


Јавен повик за крајни корисници за Општинско- корисна работа

за активноста„Грижа за стари лица“

 

Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“, за активноста „Грижа за стари лица“ (посета на старите лица, заедничко дружење, набавка на лекарства и други намирници, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, пружање на елементарна грижа) да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 31.08.2020 (понеделник).

Пријавата може да ја пополни и трето  лице во име на крајниот корисник на услугите од проектот „Грижа за стари лица“.

Критериуми според кои ќе бидат определени 24 крајни корисници се:

Корисникот да не е пензионер или да прима минимална пензија,

Корисникот да живее сам,

  • Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот.

ПРИЈАВА за заинтересирани лица (крајни корисници) за користење на услугите од проектот Општинско- корисна работа за активноста „Грижа за стари лица“

Општина Делчево

 Општински проектен координатор

           Наташа Димитровска

0Shares
0