ЈАВЕН ПОВИК за Програмата Општинско – корисна работа за проект „Социјални услуги за сите“

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Социјални услуги за ситеза работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 7(седум)/ 9(девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • родители на 3 и повеќе деца
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – 3 (три) извршители;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност;

  • Образовен асистент – 3 (три) извршители;

Потребни квалификации – ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог и останати наставни профили),  комуникативни вештини, емпатичност, толерантност

  • Лице за посета и достава на основни намирници на стари лица и лица со попреченост – 5 (пет) извршители;

Потребни квалификации- ССП, комуникативни вештини, толеранција, емпатичност, комуникативност

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 20.08.2020година до 26.08.2020година, од 07.30 часот до 15.30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување – Делчево  кај лицето Билјана Прачкоска,  Центар за социјални работиДелчево кај лицето Благој Стоименовски.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РСМ
Центар за вработување Делчево
Раководител
Билјана Прачкоска

Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски


Јавен повик за крајни корисници за Општинско- корисна работа

за активноста„Мобилен тим за посета за стари и изнемоштени лица и лица со попреченост“

 

Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“, за активноста „Мобилен тим за посета за стари и изнемоштени лица и лица со попреченост“ (набавка на топол оброк, набавка на основни продукти за хигиена и исхрана, препишување и набавка на лекови, плаќање сметки, придружба на лекар или некоја друга институција по потреба, заедничка прошетка и дружење) да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 31.08.2020 (понеделник).

Пријавата може да ја пополни и трето  лице во име на крајниот корисник на услугите од проектот „Социјални услуги за сите“.

Критериуми според кои ќе бидат определени 20 крајни корисници се:

Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот;
Корисникот да живее сам или поголемиот дел од денот да го поминува сам;
Корисникот да припаѓа на некоја од социјално ранливите категории (старо лице или лице со попреченост).

ПРИЈАВА за заинтересирани лица (крајни корисници) за користење на услугите од проектот  Општинско- корисна работа за активноста „Мобилен тим за посета на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост“

Општина Делчево

 Општински проектен координатор

           Наташа Димитровска

0Shares
0