С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект

Република С Македонија
УП 1 бр 08-11  од  14,02,2022  г
Општина Делчево

Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2021  година со Одлука бр. 09- 2149/1 од 29,12,2020  годинаи Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2022  година со Одлука бр. 09- 2544/1 од 28,12,2021  година Градоначалникот на Општина Делчево го дава следново :

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање најавен увид   на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 1292 КО ОЧИПАЛА ,Општина Делчево со намена: Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на  енергија-фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 0,5MW)  т.бр 03-154/2021 изработена од ДПТУ ИДЕА – консалтинг дооел – Струмица – од јануари 2021 г изработена од Друштво за производство, трговија, услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица Лиценца бр.0081  издадена на 24.07.2014 г.

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 1292 КО ОЧИПАЛА ,Општина Делчево со намена: Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ,односно катастарската парцела представува градежна парцела и проектен опфат со површина на проектниот опфат од 5814,52 m2,со

Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација  од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Делчево и одобрена Проектна програма.

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 1292 КО ОЧИПАЛА ,Општина Делчево со намена: Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ( Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на  енергија-фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 0,5MW )  т.бр 03-154/2021  ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната  web  страна на Општина Делчево :www.delcevo.gov.mk.

Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението , започнувајки од 15,02,2022 г до 05,03,2022 год.

Во споменатиот период , заинтерисираните грагани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево.


                                                                                    Општина Делчево  –  Градоначалник

                                                                                    Горан Трајковски

0Shares
0