Првороденото новороденче во Делчево е машко

  • Новости

На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с. Бигла.  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2020 година и традиционално  му додели 10.000 денари, а на семејството Илиевски им ја честиташе радоста.

– Делчево се радува на првото бебе во оваа 2020 година кое е родено на првиот ден од новата година. Испраќаме желби,  малиот Нино да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радости на неговите родители. Општина Делчево дарува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината. И годинава паричната награда да ја доделиме на првото родено новороденче чии родители живеат во Делчево, а согласно со информацијата од матичните гинеколози од Здравствениот дом и Службата за превенција и имунизација, рече Трајковски.

Инаку, Општина Делчево за новороденчиња во Општината исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината. Минатата година по оваа основа се исплатени 316.000 денари за 102 новороденчиња во Општината

Shares