Започна изградбата на градската капела во Делчево

Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,  денеска ги започна подготвителните работи за изградба на градската капела.  Согласно со Договорот потпишан по спроведената јавна набавка за „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во Делчево“,  економскиот оператор треба да го изгради објектот за 10 месеци.

Проектот предвидува изградба на придружни и услужни објекти на гробишта – капела – мртовечница со ладилник и помошни простории. Објектот е планиран со максимална висина до 8,5 метри. Во рамки на парцелата предвидени се паркинг места за 16 лесни возила, како и пристап за возилото за носење на ковчегот во мртовечницата и пешачка патека за вработените лица и посетителите, како и парковско зеленило. Објектот мртовечница – капела е предвиден како правоаголен објект со димензии 17,5/12,3 метри и вкупна површина од 190,42м2  со сите придружни простории и комора.

Инвестицијата е вредна 6.902.121,20 денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст