Заменик-амбасадорт на Сојузна Република Германија во посета на Делчево

  • Новости

Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски.

На средбата се разговараше за актуелните проекти кои се реализираат во Делчево, а заменик- амбасадорот Граф, посебно се интересираше за економскиот развој на Делчево, трговската размена со соседна Бугарија и за повеќе други специфики.

-Целта на посетата е да се примопредаде во употреба машина за одзатнување  канализација донирана од Германската амбасада преку Фондот за мали грантови и ја искористивме оваа прилика да се сретнеме со градоначалникот Трајковски за да се запознаеме со спецификите на Делчево, да разговараме за многу теми, за економскиот развој и други нешта. Се надеваме дека ова нема да бидем псоледна посета и дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина, рече заминик-амбасадорот Граф.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата на високиот претставник од Гемранската амбасада и искажа благодарност до германскиот народ за донацијата потсетувајќи дека ова е трета донација на Делчево од Германската амбасада.

-Ми претставува посебна чест што денеска наш гостин е заменик-амбасадорот на пријателска Германија. На средбата го запознавме г-от Граф со приоритетите на Општината како погранично место, со нашите заложби, со актуелните проекти кои одат во насока за да го подобриме квалитетот на животот на нашите сограѓани. Посебно ја цениме поддршката што ја добиваме од германскиот народ, преку Фондот за мали грантови, а Делчево досега има добиено три донации за што сме посебно благодарни,рече Трајковски.

 Во рамките на посетата претставниците од Германската амбасада го посетија и ЈКП „Брегалница“, каде беше извршено примопредавање на донираната машина. Директорот на ЈКП „Брегалница“ Стојче Стојковски изрази благодарност за донацијата која многу ќе ја подобри многу ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на работата.

-Станува збор за машина за одзатнување и чистење канализација  модел вибра Г-2900 и работи на воден притисок до 20 бари, наменета е за одзатнување и перење канализациска мрежа со пречник до 250 мм. .ЈКП располага со 78 км канализациска мрежа и со донацијата значително ќе се подобри квалитетот на услугите, истакна  Стојче Стојковски.

Вредноста на донацијата е 443.662 денари.

Shares