Се чисти просторот на селските гробишта во Разловци и Тработивиште

  • Новости

Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните површини, екипи на ЈКП „Брегалница“ во пресрет на верскиот празник Задушници, кога традиционално голем број христијански верници ги посетуваат гробовите на своите блиски, спроведоја акција за чистење растителен и друг отпад и уредување на површините на селските православни гробишта во двете села.

Состојбата со селските гробишта, посебно во селото Тработивиште била аларамнтна, бидејќи овде ваква акција не е спроведена подолг период,ниту од МЗ на селото, па ЈКП одговори на барањата на жителите.

Претходно, акции за расчистување на површините под опфат на селските гробишта беше спроведена во селата Габрово и Град.

Shares