Одржана 36 Седница на Советот на Општина Делчево

Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од 291.929.112 ден., за четвртиот  квартал се реализирани  254.514.946 денари. Од нив, во Основниот буџет, од планирани вкупно тековно -оперативни и капитални приходи во износ од 118.999.700 ден. реализирани се 105.541.822 ден. или 88,7%.  Во Буџетот на дотации од планирани 148.033.412 приходи реализирани се 136.515.852  или 92,2%, во Буџетот на донации од планирани 7.529.000 денари, реализирани се 2.728.197 ден., или 36,2%  во Буџетот на самофинансирачки активности од планирани17.367.000 реализирани се 10.632.786 денари или 61,2%.

Даночните приходи се наплатени во износ од 30.716.853  ден. од вкупно планирани 32.638.984 ден. или 94%. Неданочните приходи се планирани во износ од  5.089.148 ден. и тоа се приходи од административни такси и надоместоци, а се реализирани во износ од 5.225.035 денари(102,7%).

Капиталните приходи се наплатени во износ од 3.801.919 ден. од вкупно планирани 3.975.000 ден.или 95,6%, а тоа се приходите од продажба на земјиште, приходи од закуп на земјоделско земјиште во сопственост на државата,надоместок за концесии за експлоатација на минерални суровини, надомест за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект-легализација.

            Вкупните расходи се планирани во износ од 291.929.112 денари. Од нив се реализирани 254.514.946 или 87,5%. Во Основниот буџет од вкупно планирани 118.999.700 ден. реализирани се 105.541.822 ден.или 87%.

            Капиталните расходи се реализирани во износ од 37.193.594 денари од планираните 48.081.000 или 77,3%, додека на ставка 482 се реализирани 31.128.121 од планираните 42.013.000 ден. или 74% , а дел од нив се распоредени: за изготвување проекти се потрошени 1.778.248 ден.; за изградба на улици и патишта – 13.324.556 денари; за реконструкција на улици и патишта -12.589.360 ден; за набавка на цевки за канализација- 274.593 ден; за надомест на одземен имот 4.775.886; изградба и реконструкција на други објекти во износ од 564.441 ден.; отплата на главен долг за реконструкција на детската градинка во износ од 1.852.636 денари.

На денешната Седница на Советот, меѓу другото, советниците ја донесоа и Програмата за управување со отпад на Општина Делчево за 2020 г., а донесоа и повеќе одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти надвор од планскиот опфат.

Shares