Цвеќе и книга за редовните читателки од ЈЛБ „Илинден“

  • Новости

По повод 8 Март, Денот на жената, ЈЛБ „Илинден“ организираше средба со највозрасната категорија читателки  со  цел да им изрази благодарност за нивната верна дружба со книгите подарувајќи им цвеќе и книга во пресрет на Меѓународниот ден на жената.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, истакна дека традиционално ЈЛБ по повод Денот на жената организира средби со различни категории читателки, а оваа година, посебно внимание се даде на највозрасната категорија читателки.

– Библиотеката по повод празникот подарува книга и скромен подарок, а сето тоа како апел до сите наши сограѓани, не само до припадничките на понежниот пол, да ја сакаат книгата, да читаат и да доаѓаат во библиотеката. Нашите денешни гостинки докажуваат дека добрата книга и читањето не познаваат години, време, граници и пречки. Воедно, сакам од име на ЈЛБ „Илинден“ на сите припаднички на понежниот пол да им го честитам Денот на жената и овој пат повторно да потенцирам дека жената заслужува секој ден да и биде 8 Март, а не само еден ден во годината, истакна Петровска

Shares