Партерно уредување на просторот кај Жито-маркетот на стариот пазар

  • Новости

Просторот кај стариот градски пазар пред Жито-маркетот во центарот на Делчево кој досега наликуваше на депонија, ќе добие нов лик. Екипи на ЈКП „Брегалница“ интензивно работат на партерно уредување на просторот со површина од 220 м2. Со механизација и рачно се раскопува стариот бетон и плочките кои беа доста оштетени, а на нивно место ќе се постават бехатон плочки, а се планира и хортикултурно уредување на просторот што подразбира засадување садници, цвеќиња, поставување урбана опрема, како и уредување на дел до просторот наменет за паркирање.

Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали кои поврзуваат со главната улица „Маршал Тито“.

Shares