Се врши дезинфекција на сите јавни локални институции во Општина Делчево

  • Новости

Согласно со Препораките од Владата на РСМ и Одлуката од Советот на Општина Делчево со препораки за заштита од пандемија на населението со коронавирус на територијата на Општина Делчево, Општина Делчево во соработка со ЈУ Центар за јавно здравје Кочани-Епидемиолошка служба Делчево, ја реализира мерката за дезинфекција на работните простории на јавните локални институции.

Во текот на денешниот ден ќе биде извршена дезинфекција на просториите на ООУ „Ванчо Прке“, а вчера беше извршена дезинфекција на работните простории во Општина Делчево, како и ТППЕ Делчево, мултифункционалната сала, просториите на ЈЛБ „Илинден“, просториите каде што  е сместено Одделението за инспекциски надзор, како и подрачните училишта во с. Вирче, с. Град, с.Стамер, с. Тработивиштеи с. Разловци, односно кои функционираат во рамките на ООУ „Св.Климент Охридски“.

Претходно е извршена дезинфекција на просториите на ОЈУДГ „Весели цветови“, како и централното училишта на ООУ „СВ.Климент Охридски“.

Подрачните училишта во с. Габрово и с. Ѕвегор, екипите од Епидемилошката служба во Делчево ќе ги дезинфицираат в четврток на 19.03.2020 година, како и просториите од СОУ„М.М.Брицо“.

Shares