Дезинфекција на фреквентните улици по селските населби во Делчево

  • Новости

Од денеска започнува дезинфицирањето на фреквентните улици по селските населби во Општина Делчево. Екипите на ТППЕ Делчево акцијата ја започнуваат од најоддалеченото село во Општината, Разловци, каде ќе се дезинфицираат улиците во центарот на селото и оние каде има вообичаено поголема фреквенција. Акцијата ќе продолжи во селата Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Габрово и Ѕвегор, односно во сите села од збиен тип.

Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор.

Синоќа беше спроведена трета дезинфекција на фреквентните улици во градот Делчево, а дезинфицирањето на улиците ќе продолжи и наредниот период, како една од мерките за превенција од болеста со коронавирусот, донесена со Одлука на Советот на Општина Делчево и согласно со Препораките од Владата на РСМ.

За реализација на оваа мерка, ЈКП „Брегалница“ има порачано хлор во количина од 1000 литри.

Shares